Во општина Карбинци се заокружуваат активностите за почеток на реализација на неколку инфраструктурни проекти, информира градоначалникот на општина Карбинци, Јордан Насев.

„Избравме најповолен изведувач за изградба на локалениот пат од село Радање до село Оџалија во должина од 800 метри. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 5.120.000 денари. Избран е и најповолниот изведувач на објектот „Мал плоштад“ во село Радање. Вкупната вредност на овој проект е 3,5 милиони денари. Рокот на изградба на патот Радање-Оџалија е 60 дена, додека на плоштадот во селото Радање 120 дена,“ информира Насев.

Овие инфраструктурни проекти, според Насев, ќа значат голем бенефит за жителите во општината, особено патот Радање-Оџалија, бидејќи овој пат е единствената врска на селото Оџалија со селото Дурфулија кон селото Радање и седиштето на општината Карбинци.