Општина Карбинци ја информира јавноста дека на ден 12.06.2019 година (среда) со почеток во 05,00 часот до 08,00 часот ќе спроведе авионско третирање против возрасни комарци.

Третирањето ќе се изврши на површина од 300 Ха и тоа:

– 200 Ха (лево и десно по 100 метри од речното корито на Брегалница со почеток од река Злетовска до село Чардаклија односно Стар Караорман во должина околу 10 Км;
– 30 Ха оризни полиња под село Крупиште;
– 25 Ха по течението на Таринска/Раданска река (50 метри лево и десно од речното корито) од вливот во река Брегалница до над село Радање;
– 20 Ха по течението на Козјачка река (50 метри лево и десно од речното корито) од вливот на река Брегалница до над село Козјак; и
– 25 Ха по течението на Аргуличка/Црвулска река (50 метри лево и десно од речното корито) од вливот во река Брегалница до над село Аргулица.

Се известуваат пчеларите во времето на третирањето и 3 – 4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можност од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

Во случај на врнежи, прскањето ќе биде одложено за наредниот ден, соопшти Општината Карбинци.