Пет улици во селото Аргулица, општина Карбинци  денеска добија асфалт.

„Асфалтирани се улици во вкупна должина од 300 метри. Вкупната инвестиција е 1.200.000 денари. Парите се од наменските средства за „одржување на улици и патишта за 2019“. Овие средства се буџетирани и предвидени во програмата на Буџетот за 2019. Поради временските неприлики работите беа пролонгирани до подобрување на времето“, информира градоначалникот на општина Карбинци Јордан Насев.