Неделава започнаа рударските работи на новото рудно наоѓалиште за бакар,,Боров дол” што се наоѓа на териториите на трите општини Конче, Штип и Радовиш. Целокупниот процес ќе трае една година а подготовките кои опфаќаат  изградба на 4,5 километри пат ќе чинат околу 50 милиони евра.Рудата во ,,Бучим” ќе пристигнува од ,,Боров дол” на подвижна трака во должина од околу седум километри,ќе се преработува во постојната флотација а јаловината ќе се депонира во постојното хидројаловиште.

 Боров дол е еден од рудниците против кој лани екологистите и граѓаните од југоистокот организираа протести.

Од целокупната територија на која што се простира рудникот„Боров дол”, 70% се наоѓа на територијата на општина Конче, 26 % во општина Штип и само 5 % на радовишка територија.

   Со проработувањето на рудникот,за концесија општина Конче би требало да добива годишно околу 300.000 евра.Дали оваа сума ќе биде помала или поголема ќе зависи и од цената на рудата на светскиот пазар.

Овие средства ќе бидат од огромно значење на општина Конче.Од тука велат дека овие средства ќе бидат користени за подобрување на условите за животот на жителите во оваа општина а предвидени се и нови вработувања.