Пред спомен бистата која што се наоѓа во малиот градски парк, со пригодна свеченост беше одбележана 74-годишнината од убиството на првоборецот Герас Цунев. Од името на општина Струмица, почит му оддаде и свежо цвеќе положи заменик градоначалникот, Костадин Костадинов.

На одбележувањето присуствуваа и членови на Советот на општина Струмица, а за животот и делото на Цунев зборуваше Соња Чурлинова, претседател на Општинскиот одбор на Сојузот на борците од НОАВМ и граѓани продолжувачи.