Обезбедени се средства за санирање на опожарениот дел на училиштето во село Крупиште во Општина Карбинци.  Информациите од  Министерството за образование  велат дека е избран и градежен изведувач.

Ќе се реконструира опожарениот дел, а ќе се изврши и реновирање и на останатиот дел од училиштето. Средствата во износ од околу 3.307.000  денари се обезбедени преку Министерството за образование и наука.

Пред една година пожарот пеплоса дел од училиштето, а исто толку и траеше процедурата за добивање средства како и постапкаta околу документацијата и проектот.

Во изминатите две години  направена  реконструкција на училниците, подот, спортската сала, а сменет е и системот на греење.Обезбедени се и нови компјутери за учениците.