И оваа недела во терминот резервиран после пладне го емитуваме нашиот Неделн бриф посветен на Град Скопје. Актуелните случувања од главниот град ви ги пренесуваме преку радио етерот секаде низ нашата земја. Еве на што го ставивме фокусот за изминатата недела:

-Граѓаните на општина Ѓорче Петров добија нов јавен простор , модерно и современо Корзо

-Асфалтирање на дел од трасата на булеварот Босна и Херцеговина

-Нова пешачка и велосипедска патека на дел од улицата Февруарски поход во Ново Лисиче

-Булеварот Христијан Тодоровски Карпош во општина Чаир ќе добие нови семафори

-По 8 години конечно се ослободува патеката на кејот на Вардар, кај новиот пешачки мост во Центар

-Главните сообраќајници во Скопје чисти и проодни по првиот снег кој падна оваа сезона

-Состанок на ЗЕЛС со министерката за образование и наука, Мила Царовска