И во овој Неделен Бриф на Радио Мрежа Канал 77, правиме пресек на најважните активности и настани во македонските општини.

Се интензивира процесот на легализација во општина Карбинци.

Општината Свети Николе е меѓу 6-те општини во државата, кои ќе добијат по 62.000 долари за проекти од јавен интерес.

Свети Николе денеска е домаќин на натпревари во кошарка, кои ќе се играат на отворено.

Општина Македонска Каменица продолжува со асфалтирање на пристапните патишта во селските средини.

Ансамбли од 7 земји ширум светот и 5 од Македонија, со заедничкио оро ќе го отворат 33-тото издание на традиционалниот фестивал „Истибањско здравоживо“.

Во тек се Културно-уметничките активности „Есен, Зима, Пролет и Лето“ во Куманово.