Општината е нашето место на живеење. Добро уредена општина, добар живот за нејзините жители. Какви активности на тој план имаа општините во текот на изминатата недела, слушајте во новото издание на Неделниот бриф.
Општина Карбинци и ДПС „Лисец“ ќе го развиваат планинскиот туризам, на планината Плачковица. Штип со нови активности до подобра инфраструктура. Општината ќе вложи над два милиони денари.
Македонска Каменица се подготвува за традиционалната иселеничка средба „Ден на дијаспората“ во село Цера.. Проследете го нашиот избор.