Најголемиот дел од родителите во анектите на училиштата во Свети Николе се изјасниле за настава со физичко присуство. Училишното ѕвонче на први октомври треба да заѕвони за сите учениците од Општината Свети Николе. Доколку добијат дозвола од владината комисија, се очекува почетокот на училишната година да се одвива со физичко присуство. Одлуката се очекува неделава да биде и официјализирана и со формалното усвојување од страна на Советот на Општината. Градоначалникот Сашо Велковски вели дека училиштата ги исполнуваат условите за позитивен одговор од Владата.
-Класовите со мали исклучоци се под 20 ученици. Со директорите на училиштата сме договорени да бидеме подгтовени и за онлајн настава, затоа овој период го кристиме за подготовка за се4 да биде во најдобар ред, со поставување на ИТ мрежа, набавка на компјутери и други подготовки и се надевам до почеткот на учебната година ќе биде подготвени и за настава на далечина, изјави Велковски.
Што се оденсува до градинките, минатата недела беше отворен само Клон 2 со 40-тина деца, додека поголемиот капациет, Клонот 1 не стартуваше со згрижување поради симтоми на ковид 19 на негователка. Подоцна стигна и позитивен тест. Велковски кажа дека одлагањето на почеткот со работа, беше правилна одлука.
-Во саботата спроведовме вонредна дезинфекција на целата градинка на Клон 1 вклучувајќи го и дворот, течат подготвителните работи и очекуваме денеска или најдоцна утре да добиеме дозвола и да започнеме со згрижување на тие над 100 деца, рече градоначалникот Велковски.
Пред општината е предизивикот да се работи со деца во услови на ковид 19. Велковски рече дека ќе мора да е покаже максимална подготвеност за работаво вакви услови.
-Навистина се соочуваме со голем предизвик, знаеме со што се соочуваме и мораме да бидеме подготвени. Од друга страна, упатувам и апел до вработените, до родителите, да се придржуваат на пртоколите и во градинката и во училиштата. Се’ додека се придржуваме кон протоколите, ќе немаме проблеми, смета Сашо Велковски, градоначалник на Свети Николе.
Институциите, според општината сепак, се подготвуваат и за работа на далечина, како можна алтернатива.