МКЦ: Повик за ликовна програма 2021

Младинскиот Културен Центар распиша повик за уметници што сакат да партиципираат со проекти од областа на визуелните и применетите уметности, како дел од програмските активности на МКЦ за 2021 година.

На повикот можат да се пријават автори, куратори, уметнички групи/колективи, уметнички и културни организации и институции.

Учесниците ќе бидат селектирани врз основа на поднесените апликации, за кои ќе одлучува комисијата и програмскиот колегиум на МКЦ. Квалитет, иновација, потреби од МКЦ и карактер во опсег на предложениот концепт, се главните критериуми при селекцијата на уметниците и нивните дела. Дозволени се сите уметнички форми и медиуми реализирани со кои било инструменти или техники.

Со цел да земат учество на повикот, апликантите не треба ништо да печатат, носат во архивата на МКЦ или праќаат по пошта – доволно е само уредно да ја пополнат апликацијата онлајн.

Повикот за аплицирање е отворен најдоцна до 17 февруари 2021.