Неколку десетици инфраструктурни проекти, оспособување на општинските институции да станат енергетско ефикасни, зголемување на висината на стипендиите за учениците, бесплатен превоз за децата од градинките, 20.000 денари за секое новороденче – се само дел од завршените работи за една година, откако Соња Стаменкова ја презеде градоначалничката функција во Македонска Каменица. Денеска Стаменкова пред своите сограѓани го презентираше извешатајот за сработеното.

Градоначалничката Стаменкова се осврна на повеќе реализирани проекти, а потсети и на расчистените долгови што ги наследи од нејзиниот претходник.

Исплатени се побарувањата за изградбата на патиштата до Сарафска и Мечкарска маала во село Саса, за маалите Ќосевци и Дулѓерци во село Дулица, за изградбата на дел од патот до Стамболиска маала во село Цера, за изградба на локални пристапни патишта во селата Дулица, Моштица и Луковица, како и за неколку улици во Македонска Каменица. Платени се долговите и за изградба на атмосферската канализација во Македонска Каменица и за фекалната канализација во Стара Каменица. Општина Македонска Каменица ги сервисираше и долговите кон ЕВН, кон „Камена Река“, кон Ветеринарно-сточарски центар и редица други локални институции, приватни фирми и компании.

Вкупниот износ на исплатените долгови изнесува повеќе од триесет милиони денари и за само една година успеавме да поставиме цврст темел за реализација на стотина проекти кои ќе значат силна, модерна и просперитетна Македонска Каменица.

За реализираните проекти, прочитајте на овој линк.