Општина Куманово ги повикува граѓаните и сопствениците на фирмите до крај на месецот да поднесат даночни пријави за утврдување данок на имот и на комунална такса за фирма (назив) на деловна просторија односно деловна единица за 2018 година.

Даночната пријава за утврдување на данок на имот за 2018 година (образец ДИ) поднесува даночен обврзник (правно и физичко лице) и тоа за:

– Имотот што го стекнал или почнал да го користи во текот на 2017 година, а за кој нема поднесено даночна пријава (нов даночен обврзник, дополнително стекнат имот кој подлежи на оданочување и сл.)
– Имотот кај кој настанала промена во сопственоста (отуѓување и сл.).
– Имотот кај кој настанала промена во вредноста (доградба, надградба, довршување, проширување и сл.)
– Сите даночни обврзници (правни и физички лица) кои поседуваат имот што се оданочува, а кои во период од 1994 до 2017 година не поднеле даночна пријава за утврдување на данок на имот.
– Даночна пријава се поднесува до Општината Куманово – Одделение за администрирање на приходи на чие подрачје се наоѓа имотот најдоцна до 31 јануари 2018 година.
– Даночниот обврзник кој поднел даночна пријава за период од 1994 до 2017 година а кој нема промена во сопственоста или вредноста на имотот не поднесува даночна пријава.
– Пријавата за утврдување на комунална такса за фирма (назив) на деловна просторија односно деловна единица поднесуваат таксените обврзници (самостојни вршители на дејност и правните лица) и тоа за:
– Регистрирана фирма (назив) на деловна просторија односно деловна единица за обавување на соодветна дејност кои досега немаат поднесено пријава до надлежниот орган за утврдување на обврската по основ на комунална такса.
– Таксените обврзници кои имаат поднесено пријава за утврдување на обврската по основ на комунална такса за фирма (назив) на деловна просторија односно деловна единица кај кои во досегашниот период постојат промени.
– Даночните обрврзници кои нема да поднесат даночна пријава во определените рокови , ќе се казнат со парична казна за сторените прекршоци согласно Законот за даноците на имот.