Општина Струмица му оддаде последна почит на светски познатиот музичар, перкусионистот Зоран Маџиров од Струмица. На комеморативната седница којашто се одржа во центарот за култура „Антон Панов“ присуствуваа и сочувство на семејството му изразија вршителот на должноста градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, претседателот на Советот Јосиф Христов и членови на истиот.