Со свечена сеница општина Конче го одбележа денот на оваа локална единица, Петровден.
Секојдневието во оваа општина добива нов лик, се подобруваат условите за живот, се подобрува инфраструктурата, општината станува вистински сервис на граѓаните.
Тоа е и целта, која што се остварува со упорна и посветена работа и бројните проекти кои што се реализираат во континуитет, смета градоначалникот на оваа најмала општина во Југоисточниот регион.
„Добри времиња доѓаат за општина Конче која полека го менува својот лик на подобро. Веќе ова година ќе почне да работи првата детска градинка во општината, почна да се гради првата спортска сала. Годинава треба да се реализираат 15 улици, изградба на локален пат Лубница – Скоруша и реконструкција на сите патишта од раскрсницата Лакавица до езеро Мантово и до Горни Липовик. Имаме над 30 технички документации за исто толку.