Младинскиот Културен Центар рапиша конкурс за дизајн на постер за „Здраво Млади 2021“. МКЦ ќе награди три дизајни, од кои провонаградениот ќе биде официјалниот дизајн за „Здраво Млади 11“.

Како што информираат од МКЦ сите дизјани ќе бидат излжени за време на 11-то издание на „Здраво Млади“ закажано за на 26 и 27 август 2021 година, во и околу МКЦ.

„Во тек се подготовките за 11-тото издание на фестивалот на нова музика и сакаме постерот/дизајнот за ова издание да го направите вие. Некој/а што го сака фестивалот, кој/а имал/а идеја и замисла како може да изгледа ликот на омилениот негов/нејзин фестивал. Така што, доколку имате идеја и желба да бидете дел од фестивалот, седнете и изразете се најдоцна до 14 февруари и пратете ни предлог како мислите дека треба да изгледа дизајнот за ЗДРАВО МЛАДИ 11“, информираат од МКЦ.

Вашите предлози испратете ги на info@mkc.mk со наслов „и јас сум ЗДРАВО МЛАДИ 2021“ најдоцна до 14 февруари 2021.