Во завршна фаза е изградбата на пристапниот пат до село Вртешка во должина од околу 1000 метри.

„Инвестирање во изградбата на овој пат, значи инвестирање и во развој на туризмот, бидејки токму овој пат води до планинарскиот дом во село Вртешка.Планинарскиот дом Вртешка е во  е во фаза на реконструкција и надградба“, информира градоначалникот на општина Карбинци,Јордан Насев.

Општина Карбинци и ПД „Лисец“ аплицираат за средства во висина од 380

000 евра преку програмата за развој на руралниот туризам на Светска банка. Скоро половина од средствата се наменети за изградба на асфалтен пристапен пат до планинарскиот дом „Вртешка“, сместен во пазувите на планината Плачковица на надморска височина од 1100 метри.  50 000 евра се наменети  за реконструкција и надградба на планинарскиот дом.

– Со тоа ќе се постигне зголемување на сместувачкиот капацитет, кој сега изнесува 40 легла. Со реконструкцијата и адаптацијата ќе се добијат околу 120 легла, за претстој на исто толку туристи, изјави Јордан Насев Најголем куриозитет на овие простори, би била изградбата на вештачката карпа за меѓународни натпреварувања во алпинизам. Во проектот за оваа намена се предвидени 66 000 евра.

Ќе се гради и повеќенаменско игралиште, а за целиот овој комплекс да функционира во лете и во зима, ќе се набави ровокопач и товарач за одржување на патната инфраструктура во планинскиот предел. Општината учествува со 20 000 евра сопствени средства за поставување на соодветна сигнализација и билборди за полесно снаоѓање на посетителите.

Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК) е четиригодишна инвестициска активност на Европска Унија, финансирана со средства од ИПА

2 програмата во висина од 18 милиони евра и администрирана од Светска Банка, преку Фондот на доверители за локална и регионална конкурентност во туризмот. Во овој Проект владиниот придонес изнесува 3.176.471 евро.