Деновиве во Свети Николе пристигна донација од Република Бугарија во медицинска опрема од маски, ракавици,визири, наочари, одела, заштитници за нозе.

Опремата ја донираше бугарскиот граѓанин Милен Врабевски од Софија.

Пресредник во добивањето на оваа донација е светиниколчанецот сограѓанин Александар Панев, кој е на работно место во македонската амбасада во Софија.

Како резултат на хуманиот гест, на господинот Милен Врабевски во име на општина Свети Николе , од страна на претседателот на Советот на општината Кире Алексов, му беше врачена благодарница.

Опремата е наменета на персоналот во Здравстен дом “Г.Гаврилски” во справување со коронавирусот.