По реакциите на жителите од село Таринци, општина Карбинци и остварената средба со Министерот за земјоделство Шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, неделава е е удоволено нивното барање, таринскиот атар со околу 44 хектари се иззема од огласот за закуп на земјоделско земјиште над 3 хектари со задолжителни инвестициски активности.

Претседателот на М.З Таринци Кире Стоилков се надева дека новиот оглас ќе биде по мерка на земјоделците и нивните потреби.

,,Очекуваме оваа површина на земјоделско земјиште и дополнително друго слободно земјиште да биде Понудено – Објавено во нов оглас до 3 ха , при што согласно условите на Огласот предност при распределбата би имало месното население,“ вели Стоилков

Во с.Таринци Општина Карбинци има регистрирани околу 50 земјоделци кој се заинтересирани за закуп и обработка на државно земјоделско земјиште.
Земјоделците од село Таринци бараа корекција на огласот за закуп на државно земјоделско земјиште објавен на 1 ноември. Реагира затоа што со него беа понудени сите 44 хектари од овој атар да ги зема само едно физичко или правно лице.