Заврши големиот турнир во мал фудбал во Радовиш: Најдобра екипата на „Серта“

Под покровителство на Општина Радовиш, а по повод 75-годишнината од ослободувањето на градот, во изминатите три седмици се одржа голем турнир во мал фудбал во спортската сала во Радовиш, на кој настапија дваесетина екипи од повеќе општини поделени во четири групи, а најдобрите продолжија со елиминациски натпревари.

Првото место на годинашниот турнир го освои екипата на „Серта“, која во финалето со 5-0 беше подобра од „АЗ Транспорт“. Првопласираниот тим доби награда од180,000 денари, а второпласиранио од 90.000 денари. По доделувањето на пехарите на најдобрите екипи, беа прогласени и најдобрите поединци – најдобар стрелец, најдобар играч и најдобар голман на турнирот.