Традиционалниот Василичарски хепенинг кој секоја година се одржуваше на градскиот пазар во Стар Дојран, годинава за жал, поради пандемијата предизвикана од Ковид 19 нема да се одржи.
Поради тоа минатогодишните кумови, заедно со Општина Дојран и останати хумани граѓани ќе ги донираат прехранбените продукти за социјално загрозените граѓани од та општина.
Во духот на христијанството и годинава иако во поинакви услови сепак беше покажана добрата намера- хумано и подготвено да се помогне онаму каде што е најпотребно.