Телеграма со сочувство за смртта на Оливер Драгојевиќ од градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, до градоначалникот на збратимената Општина Сплит во Република Хрватска

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, упати телеграма со сочувство за смртта на музичарот Оливер Драгојевиќ до градоначалникот на збратимената Општина Сплит во Република Хрватска, Андро Крстуловиќ Опара. Во телеграмата стои:

„Со големо жалење ја примивме веста за смртта на еден од најобожаваните и омилените пејачи во нашата заедничка поранешна република.

Срцата на обожавателите ги освои со неговите безвременски нумери, кои ќе  останат значајна културолошка оставштина за генерациите што доаѓаат.

Загубата е голема не само за нашиот братски Сплит и за пријателска Хрватска, туку и за целиот регион и светот.

Оливер Драгојевиќ остави зад себе богата ризница музички нумери кои сплотуваат и обединуваат.

Спомените за Оливер Драгојевиќ нема да избледат, затоа што тој како човек и како музичар остави големи траги кои нема да се заборават.

Во моментите на болка, утеха нека биде неговото творештво коешто останува вечен спомен.“

Дневни активности на јавни претпријатија
Денеска ЈП „Стипион 2011“ ќе работи на:
– Реконструкција на мал плоштад кај пензионерски дом
– Реконструкција на игралиште во населба Блок 70
– Замена на улични светилки во градот

РЕ Водовод и канализација при ЈП „Исар“ ќе ги извршува следните работни активности:
– Kaj АД Макпромет демонтажа и монтажа на нов водомер
– На ул 8ми Април приклучок на нова водоводна и канализациона линија
– Изведба на нова линија за фекална канализација во нас Баби на ул Лески
– Кај Новакова чешма изведба на водоводна линија за Стационар за кучиња
– Кај Јаншпед санирање на дефект на водоводна линија
– Санирање на површини кај Стопанска банка
– Канализација – разни локации во градот

РЕ Паркови и зеленило при ЈП „Исар“ ќе ги извршува следниве работни активности:
– Косење трева од Кампус 4 кон нас Железничка
– Косење трева низ нас Три Чешми
– Косење трева покрај улица Стојан рибата и Карл Маркс
– Косење трева во спортско игралиште Суитлак
– Техничка сеча на дрвја во Клинички центар
– Косење трева низ централното градско подрачје