Обука за мотивација за отворање сопствен бизнис, како и генерирање на идеи за бизнис
Во тек е реализација на обукa за поттикнување на претприемачкиот дух кај младите од страна на Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија. Денеска во 10:30 часот, во зграда на Општина Штип (голема сала) ќе се одржи обука за мотивација за отворање сопствен бизнис, како и генерирање на идеи за бизнис. Обуката ќе ја држат универзитетски професори и претпримачи од УАКС Институтот за претприемништво и лидерски развој.

Дневни активности на јавни претпријатија
Денеска ЈП „Стипион 2011“ ќе работи на:

  • Реконструкција на тротоар на Бул. „ЈНА“
  • Изградба на улица во Караорман
  • Обележување на хоризнтална сигнализација во централното градско подрачје
  • Замена на улични светилки во централното градско подрачје
  • Чистење вегетација во клисура

Денеска РЕ Водовод и канализација при ЈП „Исар“ ќе спроведе санирање дефекти на водоводни линии на улиците „Васил Доганџиски“ и „Стив Наумов“. Ќе продолжи изведбата на нова канализациона линија во населба Суитлак, како и изведбата на нова водоводна линија за водоснабдување на населбите Балканска, Македонка и Чардаклија.

РЕ Паркови и зеленило при ЈП „Исар“ ќе ги коси зелените површини во централното градско подрачје, околу хотел „Гарни“ и на улица „Трст“, околу станбените објекти на Радански Пат и улица „Сремска“, покрај Бул. „Гоце Делчев“ и Бул. „Партизанска“, покрај улицата „Сремски Фронт“, околу Градски пазар, од ТЦ „Елкос“ кон Дузлачки Рид, во корито на река Отиња. Исто так аќе се сади цветен насад во жардињерите кај Градски пазар.