Честитка по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица
Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, упати честитка до сите верници од православна вероисповед, по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, во која се вели:

„Дозволете во мое лично име и во име на Општина Штип до сите православни верници да упатам искрени честитки по повод овој голем празник, со желби за добро здравје, мир и благосостојба.

Со славењето на овој празник се афирмираат основните човекови вредности на почит, правичност и праведност, вредности коишто претставуваат основа на нашето современо и праведно општество. Овој празник потсетува на суштинското значење на човечката посветеност и искреност.

Нека овој празник биде поттик за подадена рака, солидарност, меѓусебна поддршка и толеранција.

Со добри мисли и хуманост да го градиме нашиот заеднички дом во кој приоритети се меѓусебна почит, разбирање и добрина.“

Одбележување 85 години од првиот официјален натпревар во кошарка
Вечерва со почеток во 19:00 часот во спортската сала „Јордан Мијалков“ ќе биде одбележана 85-та годишнина од првиот официјален натпревар во кошарка одржан во Штип и Македонија.

„Размрдај се“ – Време за спорт и забава со „Мрдни со прст“
Во рамките на летниот караван на активности што се спроведуваат преку граѓанската платформа „Мрдни со прст“, во сабота беше спроведен настан од спортско – забавен карактер насловен „Размрдај се“.

Во паркот пред Уметничката галерија „Безистен“ обучен инструктор за фитнес одржа час на отворено. Овој настан беше од отворен тип и е дел од настаните кои се случуваат во парковите на повеќе општини во државата.

Тренинзите беа под водство на Маја Талевска, поранешна професионална балерина, долгогодишен пилатес инструктор и прв лиценциран antigravity инструктор во Македонија.

Водител и домаќин на настанот беше Мартин 99 Трпчевски. Во пресрет на настанот беше поставена и аудио опрема во паркот на која диџеј пушташе музика додека присутните вежбаа.

Дневни активности на јавни претпријатија

ЈП „Исар“ денеска ќе ги извршува следните активности:

  • РЕ Водовод и канализација:
  • Санирање дефект на водоводна линија на улица „Борис Кидриќ“
  • Канализација – разни локации во градот
  • РЕ Паркови и зеленило
  • Изнесување гранки и ѓубре од детска градинка во населба Автокоманда

Тековно одржување паркови површини