Увид во градежни активности кај објект Луна Комерц во населба „Сењак“
Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски ќе изврши увид во градежните активности на улиците во УЕ 36 населба „Сењак“ кај објектот Луна Комерц. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски ќе даде изјава за медиуми со почеток во 11:00 часот во населба „Сењак“ кај објектот Луна Комерц.

Увид во градежни активности на спортски терен во населба Блок 70
Вчера, 25.07.2018 г., градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски изврши увид во градежните активности на спортскиот терен во населба Блок 70. Оваа инвестиција ќе чини 2.400,000 денари со вклучено ДДВ, каде е предвидено поставување на ново игралиште за кошарка со површина од 400 м2 и ново игралиште за одбојка со површина од 280 м2 .