Македонска традиционална свадба во село Пиперово
На 21.07.2018 г., сабота се одржа Македонска традиционална свадба во село Пиперово. Брачните другари Борче и Надица Ристови се одлучиле својата љубов да ја крунисаат во село Пиперово на традиционален начин. Во организацијата на оваа Македонска традиционална свадба беа вклучени: Општина Штип, Дом на Млади Штип и Академија Еуро – Арт. Покрај роднините и пријателите на младоженците имаше организиран превоз и за сите граѓани кои сакаат одблизу да се запознаат со традицијата на нивните претци.

Петта светска средба на Егејците во село Брест
На 21.07.2018 г., сабота се одржа пикник во склоп на петата светска средба на Егејците кај манастирот Св. Пантелејмон во село Брест. На овој пикник присуствуваше и градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски каде имаше и изјава за медиуми. Четиридневните активности по повод петта светска средба на Егејците завршија во недела на 22.07.2018 г., во Скопје со панахида на загинатите во соборниот храм „Св. Климент Охридски“ и традиционална вечера во хотел „Континентал“ во Скопје.

Седница на Совет за развој на ИПР
На 20.07.2018 г., петок во просториите на Општина Берово со почеток во 12:00 часот се одржа шестата седница на Совет за развој на Источен плански регион.

На Седницата присуствуваа г-ѓа Луиза Винтон, претставник на UNDP во Република Македонија, Министерот за локална самоуправа г-дин Сухејл Фазлиу и Директорот на Бирото за регионален развој г-дин Рамиз Реџепи.

Дневни активности на јавни претпријатија
Денеска ЈП „Стипион 2011“ ќе работи на:
– Реконструкција на тротоар на улица Булевар ЈНА
– Реконструкција на мал плоштад пред пензионерски дом
– Замена на улични светилки во градот