Активности по повод денот на пожарникарството
Денеска во ТППЕ Штип, на одбележувањето на месецот на пожарникарството, ќе присуствува градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски. Градоначалникот Бочварски ќе пристигне во ТППЕ Штип во 11:30 часот, ќе изврши увид во условите за работа таму и заедно со командирот на ТППЕ, Тони Атанасов, ќе дадат изјава за медиуми.

Во исто време пред дечињата од детската градинка „Вера Циривири Трена“ ќе биде претставена професионалната противпожарна единица со нејзината целокупна опрема.

И денешната активност е дел од деновите на пожарникарството кои ТППЕ Штип ги одбележува преку петнаесетдневни активности, а со цел да се влијае врз издигнувањето на свеста од потребата за заедничка грижа и заштита од пожари.

Изложба „Современата уметност од светлината на музејското депо“
По повод Денот на музеите, 18 мај, НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Штип ја отворија изложбата „Современата уметност од светлината на музејското депо“, на којашто се изложени досега неизложувани дела од збирката „Македонска современа уметност“. Изложбата е поставена во уметничка галерија „Безистен“. На отворањето на изложбата присуствуваше и градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.

Седница на Комисија за социјални работи и здравство
Денеска, 18.05.2018 г., ќе се одржи петта седница на Комисија за социјални работи и здравство при Совет на Општина Штип со почеток во 13:00 часот во сала 2 на Совет на Општина Штип.

Седница на Комисија за култура
Денеска, 18.05.2018 г., ќе се одржи петта седница на Комисија за култура при Совет на Општина Штип со почеток во 13:45 часот во сала 2 на Совет на Општина Штип.

Дневни активности на јавни претпријатија
Денеска ЈП „Стипион 2011“ ќе работи на:

  • Реконструкција на тротоар на Бул. „ЈНА“ и изградба на атмосферска канализација
  • Изградба на скали во ООУ „Славејко Арсов“
  • Обележување хоризонтална патна сигнализација во централното подрачје
  • Замена на улични светилки во селата Криви Дол, Врсаково и Судик

Работната единица Водовод и канализација при ЈП „Исар“ ќе работи на санирање на дефект на водоводна линија на улица „Личка“, во село Лакавица, приклучок на водоводна линија на улица „АСНОМ“, санирање и бетонирање на површини улица „19 бригада“, како и продолжување на активностите поврзани со изведба на водоводна линија за водоснабдување на населбите Балканска, Македонка и Чардаклија.

РЕ Паркови и зеленило при ЈП „Исар“ ќе ги коси зелените површини околу градски гробишта, во населба Баби, покрај пешачка патека околу Исар, а исто така ќе се раскопуваат и жардињерите околу река Отиња.