Дневен билтен на Општина Штип – 18.04.2018

Акција „Пролетно чистење и уредување“ во населените места Балканска, Македонка и Чардаклија
Денеска продолжува акцијата „Пролетно чистење и уредување“ во населените места Балканска, Македонка и село Чардаклија.
Во овие населени места се косат тревниците, се менуваат уличните светилки, се обележува хоризонтална патна сигнализација, се чистат диви депонии.

Во Чардаклија се средува земјиштето за помошно игралиште. Ова е продолжување на активностите поврзани со уредување и чистење на градот, преку коишто ќе бидат опфатени буквално сите делови од Штип.