Пастрамајлијада за 2018 г.

Вчера, 14.08.2018 г., советникот за јавни дејности и култура, Кирил Панајотов  даде изјава за медиуми во врска со организацијата за Пастрамајлијадата 2018.

На веќе утврдената локација „Дујле“, од 21 до 23 септември ќе се оддржи манифестацијата посветена на најпознатиот штипски бренд. На 21 септември, ќе настапат Кристина Арнаудова, Влатко Стефановски, Дани Димитровска и Ван Гог. Дваесет и втори септември предвиден е настап на Зоран Илиев, Јоце Панов и хрватската пејачка Северина.

Дваесет и трети септември (недела) манифестацијата ќе ја затворат Либеро Бенд, Мирза Селимовиќ и Амадеус бенд.

Дневни активности на јавни претпријатија

Работната единица Водовод и канализација при ЈП „Исар“ денеска ќе ги извршува следните активности:

  • Санирање на дефект на водоводна линија на улиците: 11ти Октомври, Борко Талев, населба Железничка и во село Лакавица
  • Приклучок на нови бушени бунари на водоводниот систем во м.в Штипско езеро
  • Санирање на површини на улица Кирил Пејчиновиќ

Работната единица Паркови и зеленило при ЈП „Исар“ ќе ги извршува следните работни активности:

  • Косење на зелени површини во населба Сењак
  • Косење на зелени површини во населба Македонка кон населба Балканска
  • Косење на зелени површини во корито на река Отиња
  • Косење на зелени површини на булевар Партизанска