Пастрамајлијада за 2018 г.
Денеска, 14.08.2018 г., советникот за јавни дејности и култура, Кирил Панајотов ќе даде изјава за медиуми во врска со организацијата за Пастрамајлијадата 2018, со почеток од 11:00 часот во ОМЦ „Киро Глигоров“ Штип.

 

Дневни активности на јавни претпријатија

Денеска ЈП „Стипион 2011“ ќе работи на:

  • Реконструкција на мал.плоштад кај пензионерски дом
  • Реконструкција на тротоар на улица „Тодор Коларов“
  • Изградба на игралиште во Блок 70
  • Замена на улични светилки во градот

Работната единица Водовод и канализација при ЈП „Исар“ денеска ќе ги извршува следните активности:

  • Санирање на дефект на водоводна линија на улиците: Козјак Планина, Светиниколска, Јосиф Ковачев
  • Приклучок на нови бушени бунари на водоводниот систем во м.в Штипско езеро
  • Санирање на површини кај Димитар Влахов
  • Бетонирање на корито на река Отиња

Работната единица Паркови и зеленило при ЈП „Исар“ ќе ги извршува следните работни активности:

  • Косење на зелени површини на Булевар Партизанска
  • Косење на зелени површини во коритото на река Отиња
  • Косење на зелени површини во населба Баби