Средба во урбана заедница Три Чешми
Попладнево со почеток во 18:00 часот градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, ќе оствари средба со граѓани во рамки на урбаната заедница Три Чешми.
Урбаните заедници се повторно во функција. Ваквиот начин на организирање на локално ниво овозможува демократско и поефикасно исполнување на граѓанските интереси.

Испраќање делегација во Општина Стражица
Денеска раководителката на секторите ЛЕР, образование и јавни дејности, Билјана Казанџиска, ќе даде информација за испраќање делегација на Општина Штип во Општина Стражица, Република Бугарија. Изјавата за медиуми ќе биде дадена со почеток во 10:00 часот во Сала 2.

Дневни активности на јавни претпријатија
Денеска ЈП „Стипион 2011“ ќе работи на:
– Атмосферска канализација на тротоар на Булевар „ЈНА“
– Обележување на хоризонтална сигнализација во градот
– Замена на улични светилки
– Ископ на земја на улица „Плачковички Одред“

РЕ Водовод и канализација при ЈП „Исар“ ќе ги извршуваат следниве работни активности
– Санирање дефекти на водоводна линија на улица „Скопска“ и во село Селце
– Санирање после реконструкција на фекална канализација на ул. „Првомајска“ и „Васил Доганџиски“

РЕ Паркови и зеленило при ЈП „Исар“ ќе ги извршува следниве работни активности:
– Косење зеленило во населба Осми Ноември
– Косење зеленило во паркови површини во населбите Дузлак и Баби
– Косење зеленило околу кружен тек кај бензинска пумпа Лук Оил
– Косење трева на стадион во Три Чешми
– Косење трева во коритото на река Отиња