Продолжува акцијата „Пролетно чистење и уредување“ во УЗ Сењак
Денеска продолжува акцијата „Пролетно чистење и уредување“ на урбаната заедница Сењак, во која се вклучени раководството на УЗ Сењак во соработка со ЈП „Исар“, ЈП „Стипион 2011“, како и ТППЕ и институциите коишто се наоѓаат во УЗ Сењак.
Тимови на РЕ Паркови и зеленило при ЈП „Исар“ денеска ќе извршуваат работа во урбаната заедница Сењак, со фокус кај плацот за новата детска градинка, каде ќе присуствува и директорот на ЈП „Исар“, Живко Тасев.
Екипи на ЈП „Стипион 2011“ ќе ја продолжат акцијата за обележување хоризонтална сигнализација во урбаната заедница Сењак.

Свечена седница по повод Светски ден на здравјето
Вчера во големата сала на Општина Штип во организација на Клиничка болница – Штип се одржа свечена седница по повод Светскиот ден на здравјето.

Дневни активности на јавни претпријатија
Денеска тимови на РЕ Водовод и канализација при ЈП „Исар“ ќе извршуваат санирање дефект на водоводни линии на ул. „Марко Цепенков“, ул. „Сремски Фронт“, ул. „Гоце Делчев“, а ќе биде извршена и изведба на водоводни елементи во приклучна шахта за водоводна шахта за водоводна линија за населба Балканска и Чардаклија.
Тимови на РЕ Паркови и зеленило при ЈП „Исар“ денеска ќе извршуваат работа во урбаната заедница Сењак, со фокус кај плацот за новата детска градинка, каде ќе присуствува и директорот на ЈП „Исар“, Живко Тасев.

Денеска екипите на ЈП „Стипион 2011“ ќе ја продолжат реконструкцијата на крстосницата кај угостителскиот објект „Мал Одмор“, како и реконструкцијата на платото кај Пензионерски дом. Екипи на ЈП „Стипион 2011“ ќе ја продолжат акцијата за обележување хоризонтална сигнализација во урбаната заедница Сењак.