Тркалезна маса „WE MAKE: Женско претприемништво за конкурентност“
Денеска, 10.07.2018 г., ќе се одржи тркалезна маса која е дел од активностите на проектот „WE MAKE: Женско претприемништво за конкурентност“, финансиран од Европската Унија. Настанот ќе се одржи во голема сала на Совет на Општина Штип, со почеток во 10:30 часот.

Целта на тркалезната маса е да се разговара за важноста на учеството на жените во претприемништво, економската стабилност, активното учеството на активните чинители вклучувајќи ги институциите, локалните и регионалните тела, подготвеноста на целната група за поддршка и учество во јакнење на женското претприемништво, како и да се објаснат очекуваните резултати од нивното залагање. Проектот го спроведуваат GTF – Иницијативата за одржлив раст од Република Хрватска и Здружението на бизнис жени, финансирани преку ИПА, во текот на целата 2018 и дел од 2019 година.

Организациите спроведувачи активно реализираат активности, во повеќе фази, со повеќе општествени партнерства, заедно со сите релевантни и засегнати чинители, за подобрувањето на можностите на младите жени и девојки, во ИKТ и СТЕМ секторот, за вработување и самовработување, во избраните општини од осумте плански региони, каде проектот се реализира, односно во Битола, Струга, Велес, Тетово, Куманово, Штип, Струмица и Скопје.

Иницијален состанок на координативно тело за развој на туризам во источен плански регион
Денеска, 10.07.2018 г., ќе се одржи иницијален состанок на координативното тело за развој на туризам во источен плански регион. Состанокот ќе се одржи во сала 2 на Совет на Општина Штип со почеток во 11:00 часот.
Настани во рамки на Штипско културно лето
Денеска, 10 јули (вторник) во ОУК Дом на млади со почеток во 20:30 часот ќе се одржи промоција на книгата „Пити Бој“ од Благица Ефремова.

Промоција на две стихозбирки во КПД Штип
Вчера, 09.07.2018 г., се случи промоција на две стихозбирки напишани од страна на две осудени лица од Казнено-поправен дом Штип, а во соработка помеѓу КПД Штип и НУ-У Библиотека „Гоце Делчев“ Штип. Станува збор за стихозбирката „Стихови од една водолија“ од Жарко Миличевиќ и „Саркофаг“ од Исак Хаџи.

Денеска ЈП „Стипион 2011“ ќе работи на:
– Реконструкција на мал плоштад (Пензионерски дом)
– Реконструкција на тротоар на Бул. „ЈНА“ и поставување атмосферска канализација
– Замена на улични светилки во градот
– Санирање на ограда на игралиште во населба Пребег
– Бетонирање шахти во населба Македонка

РЕ Водовод и канализација ќе ги извршуваат следниве работни активности:
– На ул Лески санирање на дефект на водоводна линија
– На ул Ванчо Прќе кај Стопанска банка ископ за реконструкција на водоводна линија
– Ископ за нова водоводна линија за нас Балканска и Чардаклија
– На ул Каваклија ископ и поставување на нова водоводна линија
– Санирање на површини на ул ул Никола Карев (редење на коцка)
– Канализација-разни локации во градот

РЕ Паркови и зеленило ќе ги извршува следниве работни активности:
– Косење трева на паркова површина кај Стар пазар
– Косење трева покрај пешачка патекаод нас Македонка кон нас Балканска
– Косење трева низ Градски гробишта
– Косење трева во парк во населбата Осми Ноември
– Косење трева покрај коловоз на ул Партизанска од Диспанзер кон нас Баби
– Вадење на жардињери кај Автобуска станица
– Утовар и одвоз на сечени гранки низ Општина Штип