Промоција на две стихозбирки во КПД Штип
Денеска, 09.07.2018 г., ќе се случи промоција на две стихозбирки напишани од страна на две осудени лица од Казнено-поправен дом Штип, а во соработка помеѓу КПД Штип и НУ-У Библиотека „Гоце Делчев“ Штип. Промоцијата ќе се случи во НУ-У Библиотека „Гоце Делчев“ Штип со почеток во 11:00 часот. На промоцијата ќе присуствува и градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.
Настани во рамки на Штипско културно лето
Денеска, 9 јули (понеделник), во ОМЦ „Киро Глигоров“ со почеток во 20:30 часот ќе се одржи изложба на студентите на Ликовната академија при УГД Штип.
САБОТА (05.07.2018 г.)

Координирани акции на јавните претпријатија
Во сабота се реализираа координирани акции на јавните претпријатија „Стипион“ и „Исар“ во населбата Македонка и кај зградата на старото нервно одделение.
Во населба Македонка се уредуваа јавните површини, се вршеше санитарна техничка сеча на суви дрвја, се косеа зелени површини, се бетонираа улици и се заменуваа улични светилки.
Координираната акција во населба Македонка произлезе од барањата кои жителите ги упатија до градоначалникот на реализиранат средба во урбаната заедница.
Кај зградата на старото нервно одделение, координираната акција беше во насока на расчистување на тамошната дива депонија. Градоначалникот на Општина Штип ги посети овие координирани акции и ги повтори заложбите на локалната самоуправа да им излезе во пресрет на граѓаните.
СЕРВИСНИ ИНФОРМАЦИИ

Дневни активности на јавни претпријатија

Денеска ЈП „Стипион 2011“ ќе работи на:
– Реконструкција на мал плоштад (Пензионерски дом)
– Реконструкција на тротоар на Бул. „ЈНА“ и поставување атмосферска канализација
– Замена на улични светилки во градот
– Замена на еластична ограда во населба Ново Село
– Бетонирање шахти во населба Македонка

Работната единица Водовод и канализација при ЈП „Исар“ ќе ги извршува следните работни активности:
– Санирање дефект на водоводна линија на улица „Партизанска“, кај Стопанска Банка, на улица „Ванчо Прќе“ и во населба Три Чешми
– Санирање коловоз после реконструкција на водоводна линија на улица „Никола Карев“
– Изведба на нова водоводна линија за населбите Балканска, Македонка и Чардаклија
– Канализација – разни локации во градот

РЕ Паркови и зеленило при ЈП „Исар“ ќе ги извршува следните работни активности:
– Косење зелени површини низ градски гробишта
– Косење зелени површини покрај Булевар „Гоце Делчев“ и кружен тек во населба Железничка
– Косење зелени површини околу времени објекти на улица „Сутјеска“
– Косење зелени површини во парк во населба Баби
– Косење зелени површини во парк во населба Дузлак
– Косење зелени површини во детско игралиште во населба Железничка