Средба со студенти од Универзитет „Кирил и Методиј“ Велико Трново

Денеска, 02.07.2018 г., градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, ќе оствари средба со студенти од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Велико Трново, Р. Бугарија. Како резултат на соработката помеѓу Советот на млади на Општина Штип и Студентскиот Совет на Великотрновскиот Универзитет се реализираше размена на студенти од програмата Еразмус за практична програма. Денеска пристигнуваат шест студенти со различни профили на високо образование, кои ќе можат да научат нешто повеќе и да придонесат во развивање на своите вештини во две институции во градов, а тоа се Дом на млади и Центарот за социјални работи. Деновите во коишто ќе го реализираат својот престој овде ќе бидат исполнети со богата програма, во која спаѓаат и проекции на современи бугарски филмови и сл.

Настани во рамки на Штипско културно лето

Денеска, 2 јули (понеделник) во ОУК Дом на млади со почеток во 20:30 часот ќе се случи промоција на „Енциклопедија на македонската рок музика“.

Влезот на сите културни настани коишто се во рамки на триесет и третото издание на Штипско културно лето е бесплатен за сите граѓани.