Изведба на нова линија за фекална канализација
Денеска, 03.08.2018 г., раководната единица  за водовод и канализација при ЈП „Исар“ Штип, меѓу останатите активности, ќе работи и на изведба на нова линија за фекална канализација во населбата Баби. Новата фекална канализација се изведува на улицата „Лески“. Во изминатиов период РЕ Водовод и канализација при ЈП „Исар“ работеше на поставување нова фекална канализација на повеќе локации во градот. Од почетокот на годината до сега изведени се речиси еден километар нови  канализациони линии.

Одбележување на Илинден
Вчера Општина Штип го чествуваше празникот Илинден преку полагање цвеќе на :
– Споменикот во „Алејата на народните херои“;
– Спомен релјеф на Гоце Делчев во Ново Село;
– Споменик на загинатите борци во село Долани;
– Споменик на загинатите борци во село Драгоево.
На свеченото положување цвеќе на споменикот на загинатите борци во село Долани, свое обраќање имаше претседателот на Совет на Општина Штип, Јане Миланов.
„И оваа година со гордост им оддаваме почит на хероите на двата Илиндени, на борците за слободна и независна Македонија. Денеска со особен пиетет покажуваме дека илинденската традиција испреплетена со патриотски симболи ни е важна и се вложуваме целосно за истата да ја сочуваме.
Борбеноста и одлучноста на востаниците во 1903 година ја сочинуваат гордоста за бидувањето на вистинската страна на историјата, но и гордоста за борба за социјални права во рамки на суверена држава.
Успехот на асномците во 1944 година со свикувањето на АСНОМ и народното ослободување на Македонија ја преполнуваат душата со радост заради раѓањето на нова, светла и слободна македонска држава.
Денеска ги славиме и ползуваме тие успеси, но должни сме и да им оддадеме почит на оние заради чиишто жртви овие успеси станаа возможни,“ истакна претседателот на Совет на Општина Штип, господин Јане Миланов.
Честитка по повод празникот упати и градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.
„Илинден е круна на македонскиот идентитет, клуч за иднината и сувереноста на нашата држава. На Илинден се поставени темелите на Македонија.
Во изминатите децении ја градевме државата, а денес наша обврска е да ја развиваме и сочуваме во рамки на големите и влијателни семејства, со што за навек ја обезбедуваме нејзината стабилност и безбедност. Нека денешниот голем празник Илинден биде мотив да
продолжиме напред, по патот трасиран уште од Илинденското востание и заседанието на АСНОМ. Сите заедно да успееме во денешната борба за Македонија да биде стабилна, напредна и просперитетна држава.
Нека е честит, вечен и вековит Илинден,“ стои во честитката од градоначалникот Бочварски.

 

 

 

Дневни активности на јавни претпријатија
Денеска ЈП „Стипион 2011“ ќе работи на:
– Реконструкција на мал плоштад кај пензионерски дом
– Реконструкција на тротоар на ул. „Тодор Коларов“
– Изградба на игралиште во Блок 70
– Замена на улични светилки во градот

Работната единица Водовод и канализација при ЈП „Исар“ денеска ќе ги извршува следните активности:

  • Ул Питу Гули санирање на дефект на водоводна линија
  • Ул 11ти Октомври санирање на дефект на водоводна линија
  • Нас Три Чешми санирање на дефект на водоводна линија
  • Ул Киро Кусакатски санирање на дефект на водоводна линија
  • Изведба на нова линија за фекална канализација во нас Баби на ул Лески
  • Канализација – разни локации во градот

Работната единица Паркови и зеленило при ЈП „Исар“ ќе ги извршува следните работни активности:
– Косење покрај дрворед Сењак – нас Баби
– Косење покрај дрворед нас Дузлак – нас Баби
– Косење на парк во нас 8ми Ноември
– Косење на парк и детски игралишта на ул Широк Дол
– Косење на трева на Градски стадион
– Тековно одржување на паркови површини