Мeморандум за соработка потпишаа директорот на МОБ Ќазим Асотиќ и градоначалникот на општина Карбинци, Јордан Насев.

„Ние како општина бидејќи немаме културни институции а со тоа и културни активности, се обративме до Македонската опера и балет, која што според мене е една од најрепрезентативните институции во Република Македонија. Договоривме два вида на соработка. Едната е за денот на општината, Спасовден. Преставници од МОБ ќе земат учество. Нови естрадни уметници со водител комплетно ја покриваат програмата. Вториот дел од соработката е гостување на детски претстави до крајот на календарската година. Секој последен викенд во основното Училиште Страшо Пинџур кое што брои околу 300 ученици од прво до девето одделение ќе имаат бесплатна претстава во училишната сала“-образложи Насев

Дополнително и учениците ќе имаат можност да присуствуваат на пробите кои што ќе се подготвуваат во МОБ.