Град Скопје објави јавен повик за финансирање на програми и проекти во областа на спортот од интерес на Град Скопје за 2021 година.

„Програмите и проектите, манифестациите и активностите треба да обезбедат развој, стимулирање и презентација на спортските вредности и достигнувања во областа на спортот на ниво на град Скопје“, информираат од Град Скопје.

Средствата за финансирање на програмите и проектите ќе бидат обезбедат од Буџетот на Град Скопје за 2021 година.

Повеќе детали може да најдете на овој линк.

Фотографија: Фејсбук Град Скопје