Од Струмица започна информативната кампања за Вториот повик за поднесување на проектни предлози на Interreg – ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија 2014-2020 за потенцијалните кандидати на територијата на Република Македонија. Присутните ги поздрави градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, кој рече дека општина Струмица има позитивни искуства во искористувањето средства од европските фондови, како што беше ИПА 1 Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Македонија 2007-2013 преку која има реализирано неколку проекти. Стекнатото искуство и постигнатите резултатите, значат дека општина Струмица ќе продолжи со активно учество и во овој повик.