Во Штип почна со работа „Пајак-служба“

Во рамките на штипското јавно претпријатие “Стипион 2011“, деновиве  почна со работа  „Пајак-служба“.

Тој нов сектор ќе врши преместување и отстранување на непрописно паркираните возила, по налог на комунален инспектор ќе отстранува возила од зелени површини и ќе дислоцира хаварисани возила. Службата има задача и да се грижи за регулирањето на сообраќајот во градот, да помага при расчистувањето на сообраќајниците и да овозможува полесен и побрз проток на сообраќајот.

Секторот почнува со работа со едно „пајак“ возило.