Екипа на работната единица „Чистота“ на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ денеска работи на плоштадот „Гоце Делчев“. Иако досега во повеќе наврати и рачно и машински се чистеше снегот, со покачувањето на температурата и омекнувањето на замрзнатите остатоци од него, сега се врши целосно отстранување на остатоците од снегот.

Во деталното чистење на плоштадот вклучена е специјална машина за таа намена и повеќе вработени во работната единица „Чистота“.