Во село Нов Караорман во тек е изградба на фекална канализација со пречистителна станица. Со реализација на овој проект ќе се реши проблемот со одвод и прочистување на отпадните води за домаќинствата од ова населено место, информира градоначалникот на општина Карбинци, Јордан Насев.

„ Се работи за ситем за зафаќање и прочистување на отпадните води од 20 домаќинства од село Нов Караорман. Тоа е последно рамничарско село во општина Карбинци кое што е без канализационен систем. Вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува околу 13 милиони денари. Очекуваме оваа активност да биде реализирана до месец мај оваа година. Преку овој канализационен систем отпадната вода од домаќинствата ќе се прочистува во Пречистителната станица и така прочистена ќе се испушта во реката Брегалница“, информира Насев.

Средствата за реализација на овој проект се обезбедени од ЕИБ преку Министерство за транспорт и врски.