ЈП Лајка Скопје на официјалниот фејсбук профил, информираат дека во сабота на 6 -ти февруари ќе биде отворено за волонтери кои може да помагаат повремено со различни активности според активностите, потребите и планот за работа на претпријатието.

„Волонтирањето како дел од активностите на ЈП Лајка има значаен придонес во унапредување на благосостојбата на кучињата во прифатилиштето. Прифатилиштето на ЈП Лајка е отворено за волонтери кои може да помагаат повремено со различни активности според потребата и планот за работа“, стои во објавата на фејсбук.

Од таму ги покнуваат сите вистински љубители на кучињата на отворен ден за волонтери на 6 -ти февруари (сабота), во период од 11:00-14:00 часот. Поради почитување на пропишаните мерки за КОВИД-19 оние кои сакаат да се вклучат во оваа акција на Лајка може да се пријават на следната емеил адреса, volontiraj@lajka.com.mk.