Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во рамките на проектот „Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури и животната средина“ започна со поставување на Агрометеоролошките станици на утврдените локации во регионот.

Улогата на овие станици е да мерат временски прогнози коишто земјоделците ќе ги добиваат на своите телефони преку користење на мобилна апликација како и предупредувања за болести кои се јавуваат на одредена култура за што ќе биде инсталиран софтвер за прогноза на болести.

Во општина Конче се постевени две агрометеоролошки станици, едната е во село Конче а другата во селото Дедино, со информации за винова лоза и овошни култури. Информациите од овие агрометео станици може да се следат на веб страната agrojug.mk.

Во рамките на проектот, претставници од општините ќе се здобијат со Сертификат за начинот на управување и користење на станиците, а во соработка со сите општини и економскиот оператор, во секоја општина Центарот ќе организира информативни денови за земјоделците и сите заинтересирани страни со цел да се пренесе значењето на податоците кои ќе се мерат преку станиците и како да се подобри одгледувањето на земјоделските култури и заштита на животната средина преку користење на измерените податоци и прогнози.