Виница доби средтва за развој на селата од АФПЗРР

Градоначалникот на Виница, Ивица Димитров, деновиве го потпиша вториот договор со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој за добивање средства во висина од 1.721.087 денари од Програмата за финансиска подршка на руралниот развој од мерката 322.1 за обнова и развој на селата . Со овие средства ќе се изработуваат урбанистички планови за две населени места во општината, за Трсино и за Лаки.

Претходно од Агенцијата беа обезбедени околу 14.000.000 денари од истата Програма од мерката 322 за пробивање и асфалтирање на патот Капетанци-Балинци во должина од 2 километра, со тоа што Општина Виница овде ќе кофинансира уште дополнителни 2.000.000 денари.

Со овие мерки на Агенцијата се прават напори за урбанизација и решавање на значајни инфраструктурни зафати во населените места.

Градоначалникот Димитров упати јавна благодарност за соработката и поддршката од АФПЗРР, потенцирајќи дека со овие средства се решаваат децениски приоритети за жителите на три рурални населени места.