„Чупино ветикал“ ја испиша втората страница од „Чупино треил“, по големата трка од септември минатата година.

Педесетина маратонци од Македонија, Бугарија и од Белгија во неделата имаа голем предизвик да поминат пет и пол километри метри со висинска разлика од 1.030 метри. Трката стартуваше од Блатец. Прво се трчаше низ карпест предел, па во букова шума, а на крајот околу 1.500 метри и на тврд снег на Плачковица.

Од центарот на Блатец на 720 метри надморка височина до Чупино Брдо (1.720 метри н.в.) на планината Плачковица прв стигна Александар Стојкоски од Прилеп. Втор беше Марјан Бонев, а трет Мајкл Ван Белен од Белгија.

Во женска конкуренција најбрзи на патеката од Блатец до Чупино Брдо беа Мери Мирчевска и Сања Најдовски од Македонија и Емилија Христова од Бугарија.