Овие денови Град Скопје започна со чистење и уредување на кејот на Вардар во Ѓорче Петров на потегот од стадионот до мостот во Сарај.

Како што информира градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов ова место е подолго време заборавено и запоставено.

„Со уредувањето што го почнавме деновиве како дел од големото чистење и уредување на кејот и овој потег ќе биде новоуреден квалитетен јавен простор и одлично место за рекреација и релаксација на граѓаните“, напиша градоначалникот на неговиот Фејсбук профил.