Градоначаникот на Град Скопје, Петре Шилигов на неговиот фејсбук профил изрази голема благодарност до сите градски комунални работници кои неуморно се бореа со снежното невреме.
„Без нивната пожртвуваност, немаше да имаме целосно функционален град со расчистени улици и булевари по кои ќе можат да се движат автобусите на ЈСП во претстојната работна недела. Екипите на зимската служба вечерва се фокусираат на тротоарите и велоиспедските патеки, како и на патиштата кон Нерези, Средно Водно и Сопиште, за што повеќе Скопјани да можат непречено да стигнат на работа во понеделник“, напиша Шилегов во понеделникот.