Младинскиот Културен Центар во Скопје, во 2022 година ќе го прослави својот 50 –ти роденден. Токму во тоа и име и чест, МКЦ објавија специјална активност и ги повикуваат сите кои имаат лична, туѓа, искрена, незаборавна, кошмарна, комична, интоксицирана, drag или каква било друга случка поврзана со МКЦ да ја испратат на нвна адреса.

„Ве сакаме во поштенското сандаче! – Напишете расказ со наслов „Драг МКЦ“, како писмо испратено по регуларна пошта, електронска пошта, лична достава до МКЦ, dm порака на социјалните профили на институцијата или каков било друг креативен начин на кој сакате да ја раскажете вашата приказна“, информираат од МКЦ.

Писмата, велат може да се и анонимни, доколку се срамите. Најдобрите текстови ќе станат дел и од Монографијата на МКЦ, која ќе излезе од печат за годишнината во 2022 година, со дозвола од авторите.

Сите оние кои имаат било какви спомени од МКЦ, може да ги преточат во зборови на лист хартија и преку писмо можете да ги испраќате во текот на цела 2021 година. Повеќе информации ќе најдете на тука.

Видеото е преземено од Фејсбук на МКЦ