Вработените од Град Скопје на уникатен начин преку видео порака му го честитаа роденденот на Цако, кој веќе една година е дело од тимот при Одделението за социјална, здравствена и детска заштита при Град Скопје.

„Веќе една година Александар Матовски – Цако е дел од нашиот тим на Град Скопје во Одделението за социјална, здравствена и детска заштита. Тој е омилен лик во нашиот сектор и пошироко онаму каде што ние гравитираме. Како колега и другар е навистина прекрасен, чест е да се има во својот тим“, вели Игор Стевчески од Оддлението за социјална, здравствена и детска заштита, при Град Скопје, кој воедно е колега на Цако.

„Особено сме горди што заедно со Александар Матовски Цако, кој веќе една година е дел од нашиот тим, докажавме дека и лицата со одредена попреченост заслужуваат подеднаква шанса во општеството и знаат да бидат значаен фактор за средината. Врските и пријателствата создадени со колегите и заедницата се незаменливи и се клучни во остварувањето на нивниот личен и професионален развој. Среќен роденден Цако и заедно да продолжиме во градење на едно поубаво и похумано Скопје“, стои во честитката од Град Скопје испратена до Цако.

Видеото е преземено од Фејсбук на Град Скопје.